C3I Скопје учествуваше на Регионалната Работилница за Сајбер просторот и Безбедносните предизвици

Сајбер-предизвиците, мерките за ублажување на сајбер-ризиците и финансискиот криминал, како и техничките, правните и политичките димензии на сајбер-одбраната беа темите на Регионалната Работилница насловена „„Сајбер-просторот и безбедносните предизвици по НАТО и партнерите“, која, во ко-организација на Министерството за одбрана на Република Македонија – Сектор за човечки ресурси и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски – Скопје“  во Министерството за одбрана, се одржа на 14 и 15 декември 2015 година во Домот на АРМ, Скопје.

Во рамки на настанот, претставници на C3I Скопје одржаа предавања поврзани со предизвиците од сајбер заканите, заштита на банкарскиот и финансискиот сектор од идни сајбер напади, како и предавање за поврзаноста и односот помеѓу сајбер безбедноста и заштитата на лични податоци.

Учесници на работилницата беа претставници на Министерството за одбрана, Министерствата за внатрешни и надворешни работи, повеќе Дирекции и Агенции, НВО, како и претставници од Албанија, Косово и Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *