Учество на C3I Скопје на „Маршал Центар Безбедносен Форум – Охрид 2015“

Во периодот 26-30 август 2015 година во Охрид се одржа “Маршал Центар Безбедносен Форум – Охрид 2015”, на тема „Транснационалните закани: Одговорот на НАТО и нациите“. На настанот, организиран од Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар, НАТО Колеџот во Рим и Маршал Центар-Република Македонија, предавање на тема „Регионални капацитети за сајбер одбрана: Република Македонија“, одржа претседателот на Иницијативата за Сајбер и Корпоративна Безбедност и Кризен Менаџмент – Ц3И Скопје.

На работилницата се разговараше за новите безбедносни закани и одговорот на НАТО, како и националниот одговор на новите безбедносни закани: Тероризмот како глобална и регионална закана за безбедноста; Организираниот криминал и корупцијата во Југоисточна Европа; Регионален пристап кон енергетската безбедност и безбедноста на животната средина; Регионални капацитети за сајбер одбрана; Препораки за ЕУ, НАТО и за регионот. На настанот присуствуваа 30-тина експерти од земјите од регионот, универзитетски професори, политичари, претставници на НАТО и на дипломатскиот кор во РМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *