АктивностиНовостиПроекти

C3I започна со реализација на активностите од проектот -„Премин кон превенција: употреба на образованието за спречување на сајбер-радикализација помеѓу младите“

C3I во соработка со CRPM (Center for Research and Policy Making), започнаа со реализација на активностите во рамки на проектот Passage4Prevent: use of education to prevent youth online radicalization” -„Премин кон превенција: употреба на образованието за спречување на онлајн радикализација помеѓу младите “, за кој заедно ја креираа проектната апликација.
Проектот има за цел да изгради дигитална отпорност кон онлајн радикализација помеѓу младите преку употреба на образованието во насока на превенција.
Активностите ќе бидат насочени во општините Аеродром, Арачиново, Гази Баба, Град Скопје, Чаир, Тетово, Гостивар, Сарај, Куманово, Штип и Велес, а се групирани во следните работни пакети.

 

  • Подигање на свесноста во училиштата за ризиците од интернетот и употреба на образованието за зајакнување на отпорноста против екстремистичката пропаганда и регрутација;
  • Градење капацитети и понуда на материјали и алатки за средношколците и училишните работници за препознавање, детектирање и пријавување на закани од радикализација и насилен екстремизам;
  •  Да понуди политика за општински систем за рано предупредување од онлајн радикализација.
Активностите кои ги води C3I се креирање и поддршка на онлајн платформа за е-учење, креирање на политики, водич за е-безбедност за училишта, е-курсеви за обуки, како и развој на методологија и алатка за рано предупредување за онлајн радикализација.
Проектот финансиски е подржан од Хедаја – Центар за извонредност во справување со насилен екстремизам, а ќе трае 12 месеци (2020-2021).

Напишете коментар