Нашата Мисија

НАША МИСИЈА
Иницијативата за Сајбер и Корпоративна Безбедност и Кризен Менаџмент Скопје е здружение на граѓани чија мисија е да придонесе кон подигнување на јавната свест, како и на информираноста и знаењето кај одредени општествени структури во делот на корпоративната безбедност и корпоративниот менаџмент, сајбер безбедноста и дигиталната форензика, заштитата на личните податоци, електронски трансакции и перење пари, тероризам и финансирање тероризам, управување со ризици од катастрофи, климатски промени.
Мисијата на организацијата ќе се остварува преку спроведување релевантни истражувања, активности и обуки за градење на капацитети, проценки, анализи, проекти, независно од било какви политички, социјални или економски влијанија и интереси на поединци или општествени групи.