Претставници од C3I земаа учество во IPADRAM проектот финансиран од Европската комисија – Генерален директорат за Европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош

Во период Април – Ноември 2019 година, претставници од C3I спроведоа собирање и обработка на податоци за seeKMS платформата, која е дел од резултатите од IPA DRAM (Програма за проценка и мапирање на ризици од катастрофи) проектот кој е финансиран од Европската комисија – Генерален директорат за Европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош.

Конзорциумот за проектот беше составен од:

  • Swedish Civil Contingencies Agency (MSB) како Координатор;
  • Italian Civil Protection Department (DPC);
  • Administration of the Republic of Slovenia for Civil Protection and Disaster Relief (ACPDR);
  • National Protection, Rescue Directorate of the Republic of Croatia (DUZS);
  • International Centre on Environmental Monitoring (CIMA Research Foundation).

Целта на проектот е да се зголемат можностите на крајните корисниците и да се обезбеди соодветно управување со ризик од катастрофи на национално, регионално и ЕУ ниво.

Претставниците од C3I ги спроведоа следниве активност како дел од проектот:

  • Концептирање и реализација на анкета за употребата и потребата од надградби на seeKMS платформата http://seekms.dppi.info/,
  • Ажурирање на содржината (документи и проектни сесии) на seeKMS платформата,
  • Креирање на резиме од резултатите од анкетата и препораки за подобрување на seeKMS платформата.

    This slideshow requires JavaScript.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *