За Нас

За нас

Приказната на Иницијативата за сајбер и корпоративна безбедност и кризен менаџмент – C3I Скопје, започна во средината на 2015 година,  поттикната од заедничката визија и цел на секој од нас, основачите: да допринесеме кон општество и граѓани со високо развиена свест и информираност за одредени појави кои се поврзани со различни аспекти на човековата безбедност и приватност. Нашата мотивација е водена од визијата:

Општество на граѓани кои се одговорни кон себе и поширокото опкружување е претпоставка за свет на високо развиени индивидуи, со одговорен и позитивен однос кон својата и туѓата безбедност и приватност.

Различните но компатибилни сфери на интерес и делување на секој од нас, основачите на C3I, сплотени преку ентузијазмот и визијата што ја споделуваме, е иницијалната причина да понудиме нови и квалитетни решенија на општествените и светските предизвици.

Активностите на C3I се базираат на неколку основни вредности, принципи и пристапи: фокус и вклученост на луѓето; транспарентност; одговорност; толеранција; партнерство; еднакви можности; развој на капацитети и развојна поддршка.

Преку информирање, истражување, едукација, влијаење и креирање политики на различни нивоа и во различни области, C3I ќе допринесе кон зголемена свест и расудување кај засегнатите страни за потребата од приоретизирање и одговорен однос на власта кон суштинските прашања.

C3I ќе ги развива капацитетите преку: советувања, обуки, креирање и имплементирање на проекти, проценка на капацитетите и потребите, организирање и учество на конференции, семинари, работилници, публикување текстови и сл.

C3I верува дека напредокот е во обединување на различноста и конструктивната борба на мислења и активности, и затоа е отворена за сите оние кои ги споделуваат со нас визијата и идејата да дадеме придонес кон просперитет, сигурност и подобар живот.

Ние веруваме дека нашето работење ќе оствари позитивно влијание и ќе остави важен печат врз градењето на просперитетно општество и задоволни индивидуи!

 Да чекориме и растеме заедно!

Напишете коментар