Програми

Сајбер безбедност

Денес, мнозинството записи и процеси кои содржат информации и податоци поврзани со сите аспекти од нашиот секојдневен живот, почнувајќи од комуникација, бизнис, забава, здравство и др., се дел од Интернет, комуникациски мрежи и информациски системи кои доживеаа феноменален раст во последните децении. Ова го направи општеството крајно ранливо на нарушувања што можат да влијаат на правилното функционирање на ИКТ системите и да ја загрозат безбедноста и веродостојноста на овие податоци. Ситуацијата во последните години станува уште покомплицирана со стапувањето на сцена на Интернет на нештата (IoT) кои овозможуваат заканите да го надминат периметарот на безбедноста на информациите и да ја вклучат загрозеноста на физичката безбедност, постоењето и здравјето исклучиво преку сајбер просторот.

Во иднина, „секогаш вклучено“ и „сè поврзано“ технолошко опкружување, засилено со ниското ниво на свестност за безбедноста од страна на корисниците, соочувањето со сериозни сајбер напади и закани е само прашање на време. Доколку безбедносите предизвиците во сајбер просторот не се адресираат навреме, наместо да уживаме и да имаме корист од напредокот што ги носат претстојните технологии, ќе се соочиме со создавање на поголема површина за напад која ја формираат голем број на уреди, системи и податоци што се поранливи. Затоа, за да се избегне соочување со многу полоша ситуација, меѓународните и националните регулатори, законодавци и пазари треба сериозно да ја сфатат безбедноста во сајбер просторот.

Поради тоа, речиси и да нема сомнеж дека земјите низ целиот свет мора значително да ги подобрат своите можности за компјутерска безбедност со цел да обезбедат ефикасно управување со кризи, да воспостават координација на оперативниот одговор на сајбер нападите, да развиваат синергии на национално ниво и да ја зајакнат меѓународната соработка во ова поле.

cybersecurity post-1600x900.jpg-900x506x2

Владите, академијата, индустријата и невладините организации мора да работат заедно за да овозможат развој и усвојување на решенија за сајбер безбедност за да бидат во чекор со оваа динамична закана. Една од главните цели за владите на секоја земја е да го охрабри слободното, безбедно и ефикасно користење на сајбер-просторот од страна на нејзините граѓани, а во исто време да обезбеди заштита на критичната информациска инфраструктура, односно ИКТ-секторот и Интернетот кои се двигатели на иновациите, растот, работните места и социјалниот развој.

Во оваа насока, една од главните активности на кои се фокусира C3I е да се зголеми безбедноста во сајбер просторот и да се изгради општество кое е еластично на разни сајбер напади.

C3I се состои од мултидисциплинарен тим на експерти и истражувачи со уникатно портфолио на услуги дизајнирани за да се соочат со најголемите денешни безбедноста предизвици во сајбер просторот. C3I е фокусирана на градење и одржување на еластичен сајбер простор преку обезбедување на експертиза и обука засновани искуство.

C3I ги нуди следните експертски / консултантски услуги во областа на сајбер безбедноста:

  • Организира и спроведува сертифицирана обука, семинари, работилници, вежби и консултански услуги;
  • Спроведува истражувања на национално, регионално и глобално ниво;
  • Подготвува стручни мислења, препораки, упатства и прирачници;
  • Креирање и спроведување кампањи за јакнење на свеста за сајбер безбедноста.

Напишете коментар