НовостиРаботилници

Реализирана работилница со наслов „Кон поголема онлајн писменост кај младите во Република Северна Македонија“-дел од проектот спонзориран од Канцеларијата на Конрад Аденауер Штифтунг- Скопје

Денес 20.11.2020 година, претставниците од „Иницијативата за Сајбер безбедност, Корпоративната безбедност и Кризен менаџмент – C3I во соработка со Канцеларијата на Конрад Аденауер Штифтунг виртуелно ја реализираа работилницата со наслов „Кон поголема онлајн писменост кај младите во Република Северна Mакедонија“, во која учествуваа преку 35 учесници – релвантните актери од доменот на јавниот и граѓанскиот сектор. Покрај останатото имаше претставници од Владата, Министератвото за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Општина Велес, Претставници на медиумите – Нова Македонија, Претставници на родителските совети-Велес и Претставници на невладиниот сектор.

На работилницата C3I ги презентираше резултатите од опсежното истражување кое вклучи над 100 испитаници. Голема поддршка на целиот настан даде Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

Главна цел на работилница беше:

  • Да ги претстави резултатите од истражувањето за онлајн писменоста кај младите во Република Северна Македонијa;
  • Да развие форум за опасностите кој ги демнат младите/средношколците преку онлајн просторот;
  • Да ја согледа улогата на државните органи и локалните власти, надлежни за подигање на свеста кај младите за потребата од онлајн писменост како значаен сегмент за сузбивање на опасностите од интернет просторот;
  • Да ја согледа улогата на граѓанскиот сектор во подигање на свеста за потребата од онлајн писменост;
  • Да ја согледа улогата на родителите и родителските совети во подигањето на свеста за потребата од онлајн писменост;
  • Да ги чуе ставовите на младите средношколци за тоа како поефикасно тие ќе може да ги разберат опасностите од интернет просторот и кои методи би биле корисни во креирањето на онлајн писмена младина;
  • Да предложи рамка и препораки до клучни актери во подигањето на свеста кај средношколците за опасностите од интернет просторот и описменување, како еден дел од градењето младина сензитивна на опасностите од онлајн просторот во државата.

Работилницата предизвика позитивен одзив од учесниците, кои ја оценија како многу корисна и од истата произлегоа многу заклучоци и предлози кои во иднина ќе се искористат за реализирање на следни работилници.

C3I изразува голема благодарност до сите учесници за учеството на работилницата, а исто така и благодарност до своите членови Методи Хаџи-Јанев, Митко Богданоски, Димитар Богатинов, како и:

Борче Петровски – Национален координатор за спречување на насилен екстремизам, Александар Ацев претставник од Националениот Центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ, Светлaна Цветковска претставник од Министерството за труд и социјална политика, Илија Џугуманов и Дина Арнаут претставници од Евро – Атлантски Совет на Македонија, Сафет Незири претставник од Министерството за образование и наука, Александар Србиновски новинар од Нова Македонија, Виолета Ѓорѓиевска претставник од Интернет Хотлајн Провајдер Македонија, Љупчо Стојков и претставник на родителски совет од Општина Велес, Јадранка Цветкова претставник од Општина Велес, и Даниела Поповска од Канцеларијата на Конрад Аденауер Штифтунг – Македонија кои допринесоа во безпрекорната организација и реализација на настанот.

 

Напишете коментар