Програми

Електронски трансакции и перење пари

Процесите на перењето пари и финансирањето на тероризмот претставуваат проблеми кои имаат глобален карактер. Овие активности ја компромитираат стабилноста, транспарентноста и ефикасноста на финансиските системи, како на развиените земји така и на земјите во развој. Кај голем број на земји овие активности покренaa значајни прашања 4 кои се однесуваат на рано откривање, спречување и гонење. Софистицираните техники кои се користат за да се легализираат „валканите“ пари и да се финансира тероризмот уште повеќе ги усложнуваат овие прашања. Ваквите софистицирани техники можат да вклучат повеќе различни типови на финансиски институции, пред се банки, штедилници, друштва за осигурување, друштва за управување со фондови, но и други субјекти од нефинансискиот сектор како на пример: трговци со недвижности, адвокати, нотари, финансиски советници, преку користење на повеќе различни финансиски инструменти и останати производи. Ако тука се вметне и сајбер просторот, како платформа преку која сторителите на кривични дела ги перат нелегално стекнатите парични средства, проблемот станува уште поголем. Од тој аспект, C3I ќе биде посветен и активно работи пред се на подигнување на јавната свест со цел рано идентификување на облиците перење пари, финансирање тероризам и на сајбер криминал кај физичките и правните лица во Република Македонија со цел креирање на отпорно општество.

За таа цел C3I:

  • Организира и спроведува обуки, семинари, работилници и семинари во областа на перењето пари, финансирањето на тероризмот и сајбер криминалот наменети за физички и правни лица;
  • Спроведува истражувања на национално, регионално и глобално ниво во делот перењето пари, финансирањето на тероризмот и сајбер криминалот (За потребите на Корпорациите, институциите, организациите и научните институции);
  • Изготвува стручни мислења, препораки, упатства и прирачници за заштита од перењето пари, финансирањето на тероризмот и сајбер криминалот.
  • Креирање и спроведување кампањи за јакнење на свеста за заштита од перењето пари, финансирањето на тероризмот и сајбер криминалот.

Напишете коментар