Корпоративна безбедност и Корпоративен менаџмент

Процесот на глобализација, развојот на технологијата и како последица на тоа промената на социо-економските динамики значително се одрази врз структурата, темпото на работа и успехот на корпорациите (компаниите и претпријатијата). Натпреварувајќи се под либерално-демократски услови и во присуство на современи технологии во пренатрупаниот пазар побарувањето и снабдувачката  ги принудува компаниите да влегуваат во поризични подрчја, а во исто време  некои од класичните фактори и бариери како географијата и растојанието. Потрагата по успех и потребата за преживување во новата динамична и непредвидлива средина ја наметнува потребата компаниите да ги спојуваат и имплементираат нови форми на одговорност, сигурност и безбедност. За разлика од порано, притисокот врз компаниите да го исполнат ветеното, независно од тоа каде оперираат, ја наметнува потребата од координирана и синхронизирана имплементација и спој на истражувачка економија, иновативност, но исто така и корпоративно управување и социјална одговорност во понудата на финалниот производ или услуга.

Во исто време, безбедносните ризици станаа покомплексни, динамични и непредвидливи. Современите закани кои гравитираат во компетитивната средина, како на пример тероризмот и организираниот криминал, во последно време започнаа да добиваат и геополитички префикс, што ги прави мултидимензионални и распространети низ физичкиот и сајбер просторот. Индивидуи, групи, заедно со конкурентни претпријатија, кои се склони кон малициозни зделки, ја злоупотребуваат економијата и пазарот за политички цели и на тој начин пружаат асиметрични и вмрежени закани преку физичкиот и сајбер просторот. Уште повеќе, т.н. феномен на „корпоративна држава“ кој го применуваат одредени држави (во кои економијата е воена, силно централизирана, регулирана и контролирана од државата) преку „прокси“ актери за остварување на политички цели преку економијата ја враќа политичката економија на голема врата и во целокупниот калкулус на претпријатијата и со тоа го подига прагот на заканите на едно ново „хибридно“ ниво.

Конвергенцијата на новите пазарни и безбедносни динамики отвора можности, но носи и предизвици. Ваквите трендови ја менуваат сликата за тоа што се смета за сигурно и безбедно во бизнисот и ги принудува компаниите да бараат иновативни начини во изнаоѓањето на баланс помеѓу профитот, угледот и безбедноста, додека ги менаџираат ризиците.

За успешно да се поврзат бизнисот и безбедноста ние од C3I веруваме дека корпоративната безбедностуште во најрана фаза мора ефективно да ги утврди и намали ризиците и сите дејствија кои можат да ја загрозат еластичноста/отпорноста на претпријатието/компанијата, обезбедувајќи го нејзиниот опстанок. Корпоративната безбедност е функција/дејност на секое современо претпријатие/компанија, која врши координација со сите дејности и гранки/оддели во едно претпријатие кои имаат поврзаност со безбедноста, одржливоста и сигурноста на претпријатието, компанијата.

Со цел да се постигне максимален успех, профит, социјална одговорност, сигурност и безбедност ние сме посветени да пружиме сертифицирани обуки, консултации, решенија, здружени и независни истражувања и анализи на ризик во следните области клучни за корпоративната безбедност:

  • Лична безбедност;
  • Физичко обезбедување;
  • Информациска и сајбер безбедност;
  • Корпоративно управување, менаџирање;
  • Етички програми;
  • Превенција и детекција на криминал;
  • Одвраќање од измами;
  • Истражувања;
  • Менаџирање на ризик;
  • Планирање на одржлив бизнис;
  • Кризен менаџмент и
  • Заштита на животната средина, сигурност и здравје.

Како додадена вредност дополнително нудиме специјално дизајнирани консултации за градење на тим, активности и обуки за градење на човечки капацитети, со што ќе овозможиме компанијата/претпријатието да се искачи на едно сосема ново ниво преку персонал кој е подготвен да прифати иновативност, размислување надвор од секојдневието и да примени калкулиран ризик  со цел да обезбеди компетитивност пред конкуренцијата, да освои нови пазари и да го зголеми профитот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *