Работилница под наслов „ Градење на „Сајбер еластични„ општества во Југоисточна Европа“ – фаза 2 се одржа во Загреб, ноември 2015 година

Работилницата е продолжение на претходната работилница под наслов „Градење на сајбер еластични општества во Југоисточна Европа“ која се одржа во периодот од 13-14 Мај во Охрид, Република Македонија. Настанот беше заеднички организиран од RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка, Воената Академија “Ген. Михаило Апостолски” – Скопје, со поддршка на Владата на Германија.

Целта на работилницата е воспоставување на платформа за размена на искуства на регионално ниво, да се појасни перцепцијата и да се олесни заедничкото разбирање на концептот “Сајбер отпорно општество” во регионот, почнувајќи од областите кои се ранливи и навистина имаат вистински потенцијал за можните локации на дејствување. Имајќи предвид дека секоја земја се соочува со свој специфични предизвици и дека тие се повеќе ориентирани кон националната пристапи и не регионалната димензија, духот на заедничката работа, поддршка и дополнување едни со други треба да биде поизразена. На оваа работилница, претставници од C3I во координација со претставници од националните институции на Република Македонија учествуваа во истражувачки проект. Целокупната идеја на овој истражувачки проект беше да се овозможи критичко размислување и аналитички пристап при решавањето на конкретни теми наведен во документот кој беше претставен и доставен до сите учесници.

Настанот беше своевидно платформа каде учесиците ги презентираа резултатите од истражувачките проекти и дебатираат предизвиците и потребите на индивидуалните земји за ефикасна сајбер безбедност.

Во овој контекст, C3I заедно со претставници од националните институции од Република Македонија ги презентираа резултатите од истражувачкиот проект на тема “PROTECTION OF CRITICAL INFORMATION INFRASTRUCTURE IN THE BANKING SECTOR FROM CYBER ATTACKS AND BUILDING RESILIENCE AMONG CUSTOMERS”.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *