Кризен менаџмент

Процесот на глобализација и приватизација на критичната инфраструктура во Република Македонија создаде нови предуслови за функционирање на безбедносниот систем. Дополнително процесот на децентрализација, кој е во тек, пренесе значителни обврски на единиците на локалната самоуправа по прашањата на кризниот менаџмент. Сите овие процеси имаат свои импликации врз приватниот сектор кој мора да се прилагоди на домашните услови но и на светските трендови.Ова значи дека просторот за функционирање на кризниот менаџмент во Република Македонија веќе е исклучително комплексен и за негово правилно водење покрај потребни се сет на вештини, знаења и силен ентузијазам за работа.

Во таа насока C3I за свој фокус на интерес ја има изградбата на еластични организации и со самото тоа отпорно општество на негативните последици што ги носат со себе кризите. Одлика на еластичните организации и системи е способноста да ги предвидат кризните состојби, да бидат подготвени за нив, соодветно да реагираат доколку истите се материјализираат и да продолжат да функционираат на прифатливо ниво по случениот настан, инцидент, несреќа, катастрофа, криза. Затоа C3I не е насочен единствено кон традиционалните закани како тероризмот, природните и од човек предизвикани катастрофи туку и оној широк спектар на настани кои можат да имаат негативни последици по организациите – компјутерски криминал, заштита на лични податоци, климатски промени, негативна јавна кампања и сл.

C3I услуги во делот на кризниот менаџмент

C3I ги нуди своите еспертски услуги во делот:

  • Спроведување на ИСО 22301 – менаџмент за континуирано работење на организациите
  • Изработка на планската документација предвидена со Законот за заштита и спасување (Сл.весник на РМ бр.93/12) и Законот за управување со кризи (Сл.весник на РМ бр.29/05)
  • Организација на обуки и тренинзи за кризен менаџмент
  • Дизајнирање и спроведување на вежби за кризен менаџмент

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *