НовостиОбуки

Успешно реализирана обука/дискусија на теми: Препознавање и проверка на дезинформации, Сајбер безбедност – социјален инженеринг

На ден 18.02.2021 година со времетраење од 18.00 до 19.40 часот, се реализираше обука/дискуција на теми:

  1. Препознавање и проверка на дезинформации
  2. Сајбер безбедност – социјален инженеринг

Обуките се дел од активностите подржани од Метаморфозис фондацијата и Тексоуп.

Активноста се одржа на ZOOM платформата, и посетеноста постојано беше од 95 до 100 слушатели, колку впрочем беше и максимумот на самата платформа.

Прва обука ја реализираше проф. д-р Методи Хаџи Јанев, кој е меѓународен експерт специјализиран за правни и стратешки аспекти (креирање политики)  за справување со асиметричните, сајбер и хибридни закани.

Втора обука ја реализираше проф. д-р Митко Богданоски кој e меѓународен експерт за сајбер безбедност, компјутерски мрежи, справување со онлајн радикализација и користењето на сајбер просторот од страна на терористите.

По завршување на обуките се разви плодна дискусија на која беа поставени доста конструктивни прашања и пофалби за обуките и предавачите.

Од обуката произлезе и следново видео кое е достапно на YouTube каналот на C3I, и во следните неколку денови ќе бидат додадени титлови на Албански и Англиски јазик.

Дополнително, ќе произлезат и 6 статии поврзани со темите од обуката и истите ќе бидат поставени на нашиот сајт и ФБ страна во првата половина на Март.

На крајот од обуките, учесниците беа замолени да пополнат дел од  кратката анкета, и истата беше пополнета од 66 учесници на обуката.

Следат неколку од важните заклучоци од анкетата:

 

Ваши впечатоци/забелешки/предлози/коментари! (издвоени коментари)

  • Прекрасен настан. Благодарение на оваа обука се здобив со дополнителни информации од една област за која претходно не бев добро, дури можам да кажам и не бев воопшто информирана. Се надевам дека ќе има уште многу настани на вакви теми бидејќи, искрено кажано, во оваа време во кое живееме ваквите информации и искуства од вакви настани се неопходни.
  • БРАВО. ЧЕСТ МИ БЕШЕ ШТО ПРИСУСТВУВАВ НА НАСТАНОВ ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ВАС.
  • Организирање на обуки / вебинари во секоја јавна, па и приватна институција. Организирање на online предавања за ученици, бидејќи во овој период степенот на користење на ИТ алатките е зголемен од нивна страна.
  • Супер обука, секако доколку има можност за некоја слична ваква само потехничка би било уште поубаво.
  • Добра обука, дури и за нас како студенти од Факултет за Безбедност ни беше огромно задоволство да слушнеме нови работи во врска со сајбер безбедноста.
  • Прекрасно,немам коментар!
  • За време пандемијава, сметам дека се повеќе луѓе купуваат онлајн, но исто така сметам дека многу од тие луѓе не знаат како да се заштитат при купувањето онлајн. Предлог обука: Како да се заштитиме при купување онлајн?
  • Одлично, не сме ни свесни за безбедноста
  • Одлична обука,прекрасни предавања
  • Одлична предавање со многу корисни и детални информации. Треба повеќе вакви обуки.
  • Одлична презентација, секоја чест за професорите!
  • Прекрасно излагање на двајцата професори. Во иднина апелирам за повеќе вакви предавања и презентации, посебно за помладата генерација.
  • Многу детални информации за темата кои се поучни и на кој треба да се внимава.
  • Предавањето беше супер, во иднина би сакала, доколку можете, да изведите подетално предавање за софтверски и хардверски ранливости.
  • Задоволна сум од обуката и презентираните информации
  • Позитивно сум изненадена од предавањето
  • Воопшто, кога станува збор за обуки, нашата држава, т.е. нашиот народ има потреба од вакви едукативни обуки, макар и онлајн. Имам позитивни впечатоци во врска со денешниот Вебинар, зашто стекнав некои почетни и основни знаења. Искрени пофалби до предавачите: Митко Богданоски и Методи Хаџи-Јанев, а исто така и за Димитар Богатинов. Секое добро. Срдечен поздрав.
  • Svaka čast! S obzirom da sam iz Srbije a mama Makedonka, pa razumem jezik, uživala sam da slušam.
  • Прекрасна презентација, и во иднина да се организира вакви настани
  • Доста добра дискусија , треба уште многу вакви дискусии да се одржат.

Презентаците од обуките, може да најдете не следниве линкови:

  1. Препознавање и проверка на дезинформации
  2. Сајбер безбедност – социјален инженерин

Напишете коментар