Ц3И на 6-тиот 2BS ФОРУМ 2016

Во рамки на 6тиот 2BS Форум – ПЛАТФОРМА ЗА ПОЛИТИЧКА, ЕКСПЕРТСКА И КОНСТРУКТИВНА ДИСКУСИЈА, посветена на „Глобалната безбедност во прашања – предизвици и одговори“, што се одржа во Будва, Црна Гора (4-6 Мај 2016 год.), Ц3И беше преставена од страна на нејзиниот претседател, Љубица Пендароска.

Љубица Пендароска, Претседател на Ц3И

Љубица Пендароска, Претседател на Ц3И

 

Настанот, во организација на Атлантскиот Совет на Црна Гора, заедно со неговите традиционални партнери, Владата на Црна Гора, НАТО и Амбасадата на САД во Подгорица, опфати повеќе теми поврзани со трансатлантската безбедност, предизвиците за границите на Југо-Источна Европа, изборите во САД и американската надворешна политика, геополитичкото „будење“ на Русија, споделувањето одговорност и иднината на Алијансата. На Форумот присуствуваа повеќе од 400 високи функционери, истакнати експерти, говорници и млади луѓе, заинтересирани за безбедносните предизвици и прашања, меѓу останатите: Н.Е. Амбасасадор Александар Вершбоу, заменик Генерален секретар на НАТО; Н.Е. Г-дин. Филип Вујановиќ, Претседател на Црна Гора; Н.Е. Проф. Д-р. Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, Министер за одбрана на Црна Гора; Н.Е. Г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ, Претседател на Република Хрватска.

Официјално отворање на Форумот

Официјално отворање на Форумот

 

Форумот беше одлична можност за размена на мислења и воспоставување контакти помеѓу Иницијативата за Сајбер и Корпоративна Безбедност и Кризен Менаџмент Скопје (Ц3И) и преставници на други иницијативи, здруженија и организации кои се посветени на различни прашања од сферата на безбедноста.

Прием, домаќин Д-р. Срѓа Поповиќ, Градоначалник на Будва  (извор: www.2bs.me)

Прием, домаќин Д-р. Срѓа Поповиќ, Градоначалник на Будва
(извор: www.2bs.me)

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *