Реализирана работилница-симулација на „Номинални групни техники за справувањето со насилен екстремизам““

На ден 02.09.2020 година, претставниците од C3I во соработка со ХОРИЗОН ЦИВИТАС, користејќи ја ЗООМ платформата, виртуелно ја реализираа работилницата-симулација на „Номинални групни техники за справувањето со насилен екстремизам“  во која учествуваа преку 20 учесници – релвантните актери од доменот на јавниот и граѓанскиот сектор.

Ова работилница се изведува по претходно потпишан договор со Харварад Т.Х. Чан Школата за Јавно Здравство (оригинално: „Harvard T.H. Chan School of Public Health“), при универзитетот „Харвард“, САД. 

Пристапот и методологијата на номинални групни техники (НГТ) е развиена во 70те години од минатиот век како техника која озовможува структурирано групно размислување и споделување на идеи, искуства и вештини (brainstorming) со цел да се добие основа за сеопфатен пристап кон решавање на даден проблем.  Пристапот на градење на капцитети преку користење на НГТ метода досега е користен во повеќе области како процес на градење на консензус за даден проблем низ неколку фази. Остварувањето на целта со примената на оваа метода се одвива преку замислено сценарио кое треба кај учесниците со експертиза од различни области/дисциплини да стимулира креативни идеи за унапредување на пристапот или решавање  на соодветен проблем. 

Работилницата се реализираше врз основа на претходно зададено сценарио, имајќу за цен да ги стимулира учесниците да ги размена своите ставови врз основа на нивните искуства и професионални капацитети (законски решенија, ресурси, надлежности и реална динамика на дејствување), а потоа да стимулира дебата за утврдување на предизвиците и потенцијални решенија за надминување на истите, со цел подобрување на сеопфатниот пристап кон градење на превенција на насилниот естремизам. 

Работилницата предизвика позитивен одзив од учесниците, кои ја оценија како многу корисна и од истата произлегоа многу заклучоци и предлози кои во иднина ќе се искористат за реализирање на следни работилници.

This slideshow requires JavaScript.

C3I изразува голема благодарност до сите учесници за учеството на работилницата, а исто така и благодарност до своите членови Методи Хаџи-Јанев (координатор на активноста), Димитар Богатинов, Илиријана Зајази, Самет Шабани од Хоризон Цивитас и Марија Јанкуловска од Институтот за соработка и демократски развој кои допринесоа во безпрекорната организација и реализација на настанот.