Објавена студијата „Кон посигурна и побезбедна младина онлајн: Концепт на медиумска и информатичка писменост“

Студијата „Кон посигурна и побезбедна младина онлајн: Концепт на медиумска и информатичка писменост„ е заеднички производ на Иницијативата за сајбер и корпоративна безбедност и кризен менаџмент (C3I- Скопје) и Фондацијата Конрад Аденауер. 

Студијата ги анализирала тековните трендови на употреба на информатичко-комуникациски технологии и апликациите за социјални медиуми од страна на македонската младина и врши нивна споредба со глобалните трендови. Истражувањето опфаќа анализа за тоа како информациско-комуникациските технологии и социјалните медиуми влијаат на македонската младина, а содржи и заклучоци во кои се објаснети причините за ваквите резултати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *